ЖИВЕЕМЕ со забрзано темпо, а секојдневните проблеми придонесуваат за зголемување на нивото на стрес. Некои знаат да и одолеат, но има и такви кои постојано се загрижени и никогаш не успеваат да се опуштат. Според астрологијата, овие хороскопски знаци се најмногу изложени на стрес.

Девица

Девиците се перфекционисти, па секој момент го поминуваат грижејќи се за ситници. Тие секогаш размислуваат за иднината и за работи кои се надвор од нивна контрола. Ова е главната причина зошто постојано се под стрес. Во нивната желба да бидат корисни, тие обично преземаат премногу обврски, што создава дополнителен притисок.

Јарец

Јарците имаат високи стандарди. Поради желбата да ги извршуваат своите задачи што е можно подобро, тие се постојано загрижени, а и најмалата промена во нивната секојдневна рутина може да ги исфрли од колосек. Тие се опседнати со успех во кариерата и веруваат дека мора да бидат најдобри во она што го работат. Сепак, тие постојано се во страв да добијат позитивен фидбек.

Близнаци

Близнаците постојано брзаат некаде и имаат сто работи да направат, па нивното ниво на стрес е секогаш високо. Нивните умови се активни, но не се добро организирани, па често преземаат повеќе задачи отколку што можат да се справат. На тој начин непотребно си создаваат стресни ситуации.

Овен

А Овенот е секогаш под стрес. Тие се многу тврдоглави и решени да постигнат сè што наумиле, но тоа не е секогаш изводливо. Покрај тоа, тие можат да бидат прилично нетрпеливи, што дополнително ги изложува на непотребен стрес.