СИТЕ познаваме луѓе кои се храбри и не се плашат од предизвик. Кога се сомневаат или треба да донесат одлука, тие никогаш не играат на сигурно. Таквите луѓе сакаат да ризикуваат затоа што веруваат дека треба да се биде смел во животот. Овие знаци се најподложни на ризици.

Овен

Овните се познати по својата храброст. Секогаш се подготвени на се и никогаш не размислуваат за можните последици. Сепак, тие се несовесни и често преземаат непотребни ризици, што може да им нанесе штета. Треба да бидат малку поитри ако сакаат да постигнат успех.

Лав

Припадниците на овој знак имаат храбар карактер. Уживаат во преземањето ризици и не се плашат од неуспех затоа што на се гледаат можност да стекнат ново искуство или да учат од своите грешки. Лавовите на сè пристапуваат со позитивен став, што на крајот ги води до нивната цел.

Скорпија

Луѓето родени во овој знак се издвојуваат по својата храброст. Скорпиите се експерти кои преземаат ризик и никогаш не сакаат да играат на сигурно. Не ги интересираат туѓите мислења и прават се на свој начин. Секогаш отфрлаат совети и се потпираат на своите непогрешливи инстинкти.

Стрелец

Склони на ризик се и луѓето родени во знакот Стрелец. Одлучни се во желбата да ги реализираат своите идеи, па сакаат одвреме-навреме да ризикуваат. Дури и да загубат, тоа обично не ги обесхрабрува и тие се подготвени да се обидат повторно. Ниту една неповолна ситуација не може да го уништи нивниот оптимизам и позитивен дух.