Лошото време во австрискиот скијачки центар Зелден е причината што денеска нема да почне новата сезона во скијачкиот Светски куп (СК) и тоа со велеслаломска трка во женска конкуренција.
Челниците од Меѓународната Cкијачка Федерација (ФИС) утринава решија дека не постојат услови за воведната пресметка на скијачките, а се уште се вршат проценки дали би можела да се одржи утрешната трка во машки велеслалом.
Во случај да продолжат лошите временски услови во Австрија, тогаш новиот скијачки циркус официјално би почнал на 5 ноември во швајцарскиот ски-центар “Цермат”.