Актерката Џина Лолобриџида, според италијанскиот весник „Кориере дела сера“, извесно време била хоспитализирана во приватна клиника во Рим, каде што починала.
Во септември минатата година таа беше оперирана. Таа паднала во својот дом во Рим и ја скршила бутната коска, а по операцијата актерката наводно значително ослабела.
Потсетуваме, Џина, која многумина ја нарекуваа најубава жена на светот, почина на 95-годишна возраст. Лолобриџида стана позната во 1950-тите како секс симбол, а нејзината филмска кариера започна во 1946 година, кога прифати мала улога во филмот Aquilla nera (Црн орел).
По успешната кариера во Холивуд, таа се вратила во Италија и само повремено се појавувала на филм и телевизија. Лолобриџида потоа се враќа на своите први уметнички љубови, фотографијата и скулптурата, на кои целосно им се посветила во раните осумдесетти.