Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, воедно министер за правда, Кренар Лога се огласи по инцидентите во оваа партија. Тој вели дека Алијанса за Албанците  е заеднички дом за сите членови и треба да делуваат со трезвени глави.

-Почитувани членови и симпатизери, сакаме да ве информираме и да ве увериме дека канцелариите на Алијансата за Албанците припаѓаат на сите нејзини членови. Денеска можеби имаме недоразбирања и несогласувања, но не треба да се бркаме од заедничкиот дом. Додека сите се обидуваме да го најдеме вистински пат, повикуваме на разумност и смиреност. Заедно сме поминале низ многу ситуации: и радости и таги. Затоа, апелираме и да ни се разделат патиштата, тоа да го правиме како цивилизирани и семејни луѓе. Го осудуваме секој вид на насилство што ќе го покаже, како што денеска го осудуваме кукавичкиот чин што му се случи на нашиот сопартиец Арбен Таравари. Насилството не е решение. Полициските органи нека го решат случајот и нека ги изведат виновниците пред лицето на правдата. Толку леб сме изеле заедно што мораме да си го одржуваме достоинството пред членовите на семејството, вели Лога.

Куршум од калашњиков оставен пред вратата од домот на Таравари