Вчера во 16.30 часот од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово – Одделение за општ криминал од слобода бил лишен 41-годишниот Ш.Ш. од село Порој поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „убиство“, извршено на 12.10.2013 на регионалниот пат од село Пирок кон село Жеровјане.

По наредба на Основен суд Тетово извршен е претрес во домот на Ш.Ш.. Против лицето е поднесена кривична пријава, при што од страна на Основен суд Тетово му е изречена мерка притвор од 30 дена.