Фудбалерот на Пари Сен Жермен и аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси постави два посебни услови за челниците на клубот од Париз за продолжување на договорот, пренесуваат француските медиуми.
Меси има договор со ПСЖ до 30 јуни годинава, а има право да преговара и со други клубови. Раководството на „светците“ му понудило продолжување на соработката на аргентинскиот фудбалер, но Меси сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.
„Меси ѝ даде предност на понудата на ПСЖ, но поставува два јасни услови за продолжување на договорот. Меси бара плата од 40 милиони евра по сезона и сака гаранција дека секогаш ќе биде во стартниот тим на ПСЖ, без разлика кој ќе биде тренер на клубот. Аргентинецот сака да остане во форма, бидејќи следната година планира да игра на Копа Америка“, пренесуваат француските медиуми.
Некои медиуми објавија дека доколку Меси не се договори со ПСЖ, би можел да се врати во Барселона или да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија или МЛС лигата./Gol.mk/