Мексиканскиот боксер Енди Руиз Џуниор изјави дека официјално побарал од британецот Ентони Џошуа да се соочат по трет пат. Секој од двајцата боксери има по една победа во досегашните дуели.

Advertisements

Руиз го изненади светот кога го доби првиот дуел во Њујорк, додека британецот го доби реваншот во Саудиска Арабија, неколку месеци подоцна.

„Му реков претходно дека имаме незавршена работа заедно. Значи, ајде да ја организираме трилогијата. Ова го побаравме официјално од него и наскоро ќе зборуваме за можноста да го организираме овој предизвик. Дури и лично ќе контактирам со Џошуа за да разговараме“, изјави Руиз Јуниор.

„Сè уште чекаме тој да го прифати нашиот договор. Знам дека има многу кандидати на ум и список, но предизвикот меѓу нас има повеќе смисла од другите“, изјави мексиканецот.

Џошуа е во преговори за дуел со Деонтеј Вајлдер или Дилијан Вајт, предизвици кои би можеле да се случат на пролет следната година.

Прикажи повеќе