Вселенското летало Орион на НАСА помина низ атмосферата на Земјата и слета во Тихиот Океан по патувањето без екипаж околу Месечината. Така беше завршена првата мисија на новата лунарна програма „Артемида 1“.
Капсулата имаше екипаж од три кукли со сензори за собирање информации за време на мисијата за стресот врз човечкото тело.
Американски воен хеликоптер и чамци први стигнаа до капсулата, а брод на американската морнарица ќе го пренесе во Сан Диего, Калифорнија.
Мисијата траеше 25 дена, а „Орион“ е уредот што го достигна најдалечното растојание од Земјата – 434.500 километри.