Чистиот како солза Груби, кој првин се најде на црната листа на САД, а потоа и во центарот на кривична постапка за милионски криминал во Лотарија ја напуштил државата по ставањето на црната листа на САД, а пред отпочнување на кривичната постапка против него. Дали е чист како солза или матен нека си докаже пред суд, ако има храброст да се соочи со доказите. Ова го истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
„Осум милиони евра е криминалот во АД Лотарија на Македонија во кој главни актери се Артан Груби како вицепремиер и Пeрпарим Бајрами како директор на Лотарија. И Груби и Бајрами се кадар на ДУИ, кои додека ја краделе државата по потреба еднаш беа зелени, па европејци, па сееја раздор за етнички тензии. Во принцип само менуваа маски за да крадат. Пукна како меур од сапуница наративот на ДУИ дека се борат за зелени агенди или за ЕУ. Тие се бореле и се борат за да прават криминал и да ги ограбуваат граѓаните, соучесници во тој криминал им беа СДС“, изјави Лефков.
Порача дека мора да има одговорност за милионскиот криминал кој го направил Груби, ДУИ и СДСМ.