Една од најголемите ѕвезди на Милан, Рафаел Леао сака да остане во калчолигашот, но само ако раководството на актуелниот првак му ги исполни барањата. Леао бара четири пати поголема плата од моменталната, односно со новиот договор сака да добива по 7,5 милиони евра годишно плус бонуси.
„Газета дело спорт“ пишува дека Леао сака да биде намалена и сумата на неговата откупна клаузула, која во моментов изнесува дури 150 милиони евра. Леао не сака да биде спречен од Милан, ако сака да замине во друг тим, па затоа смета дека откупната клаузула во неговиот договор треба да биде „само“ 80 милиони евра./Sport1.mk