Воведувањето ковид пасоши на територијата на Европската унија би било спротивно на принципот на доброволна вакцинација, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
„Произлегува дека оваа идеја е спротивна на правилата на демократијата, бидејќи во земјите на Европската унија има одлука дека вакцинацијата е доброволна. Ако се воведе “патен пасош”, тоа ќе биде во спротивност со принципот на доброволност. Тоа значи дека луѓето ќе бидат принудени да се вакцинираат ако сакаат да патуваат, а во Европа, без движење меѓу земјите-членки, населението тешко може да си го замисли животот“, истакна Лавров.
– Advertisement –
Тој додаде дека одлуките на Европската унија во врска со можното воведување на вакцинални пасоши не треба да ги дискриминираат граѓаните на Русија.