Раководството на Лацио ја одби првата понуда на Њукасл за услугите на српскиот фудбалски репрезентативец Сергеј Милинковиќ – Савиќ, пренесуваат италијанските медиуми.

„Ил Месаџоре“ објави дека најбогатиот светски клуб е заинтересиран за српскиот фудбалер и нуди 60 милиони евра плус бонуси. „Калчомеркато“ пак тврди дека првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито ја одбил таа понудата на англискиот премиерлигаш, бидејќи римскиот клуб барал 82 милиони евра за својот ас.

Српскиот фудбалер има договор со Лацио до јуни 2024 година. Тој е член на Лацио од 2015 година, а претходно играше за Генк и Војводина. За римскиот клуб одигра 316 натпревари и постигна 63 гола./Gol.mk/

Прикажи повеќе