Косово, Албанија и Хрватска на 18 март во Тирана потпишаа декларација преку која земјите се обврзуваат да ја зајакнат соработката во областа на одбраната и безбедноста.
За овој договор реагираше и премиерот на Косово, Албин Курти, кој го оцени како важен чекор во регионалната соработка во областа на одбраната.
“Министерствата за одбрана на Косово, Албанија и Хрватска денеска потпишаа заедничка декларација за соработка, која ќе ги зајакне нашите одбранбени способности преку соработка, вклучително и развој на нови технологии. Ова е важен чекор во регионалната соработка и одбранбената визија, што ќе придонесе за безбедноста на регионот во целина“, напиша Курти на платформата „Х“.