Кубанскитe здравствени власти ја одобрија втората кубанска вакцина против ковид-19 за последната фаза на клиничките испитувања.
Вакцината се вика „Абдала“ и именувана е по поема на кубанскиот национален херој Хозе Марти. Вакцината, како и првата локална вакцина „Соберана 2“, е насочена кон шилестиот протеин на коронавирусот.
Властите бараат 48.000 волонтери на возраст од 18 до 80 години за тестирање на новата вакцина. Тестовите ќе завршат во јуни, а првите резултати ќе бидат објавени во август.
Островската држава регистрира околу 800 нови случаи на ден, далеку повеќе од неколку нови случаи пред една година. Од почетокот на пандемијата, Куба регистрира повеќе од 64.000 случаи на инфекција и над 380 смртни случаи.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.