Црногорската Влада денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за слобода на вероисповедта, изјави премиерот Здравко Кривокапиќ.

Кривокапиќ на прес-конференција кажа дека министерот за правда, Владимир Лепосавиќ, утре ќе ги објасни сите детали околу измените на законот, пренесува весникот „Вијести“.

А ние се обидувавме да ги задоволиме сите страни, рече Кривокапиќ на денешната прес-конференција.

Извор:МИА