Хенрик Кристоферсен стана светски шампион во слалом во францускиот зимски центар Куршевел. Норвежанецот беше само 16-ти по првата трка, но потоа скијаше спектакуларно на втората трка постигнувајќи најдобро време и со вкупен резултат од 1:39.50 стигна до највисокото место на подиумот. Ги издржа нападите на преостанатите 15 натпреварувачи и Кристоферсен почна да слави.

Advertisements

Второто место му припадна на Еј Џеј Гинис од Грција. Момче од Вулијагмени го освои првиот медал во историјата на оваа земја во алпско скијање, а заостана 20 стотинки зад победникот. Светскиот јуниорски шампион Алекс Винасер заврши со бронзен медал, откако заостана 38 стотинки. /Makfax

Прикажи повеќе