Актерката Кристен Бел отсекогаш имала завидна фигура, но неодамна призна дека не го постигнала тоа со часови и часови поминати во теретана. Нејзината рутина за вежбање како што вели е многу кратка и едноставна, а за неа се доволни 30 минути на ден.

epa-efe
EPA-EFE/NINA PROMMER

Претежно трчам или кревам тегови најмалку 30 минути. Ако не го правам тоа, тогаш правам кросфит тренинг“, откри Бел за списанието „Shape“.

Кога не е во форма за вежбање, вели дека тогаш прави полесен и пократок тренинг.

Ако немам енергија, не правам поинтензивен тренинг, што значи дека не се потам. Наместо тоа, ќе направам десетминутна медитација или ќе се истегнам“, објаснува актерката.

Бел признава дека е голем љубител на кратки, но ефективни тренинзи што може да ги прави каде и кога може.

На работа, додека ги читам сценаријата за следната улога, правам трицепс вежби на стол. Кога одам на прошетка со децата, додека тие се забавуваат, се обидувам да правам вежби“, вели таа.

Што се однесува до нејзините навики во исхраната, 40-годишната актерка вели дека ја претпочита умереноста отколку да се скратува од вкусните задоволства.

epa-efe
EPA-EFE

Вели дека не ги исфрлила јаглехидратите, а за појадок често знае да јаде некое печиво и крем сирење.

Морам да јадам јаглехидрати затоа што морам да запаметам 11 страници дијалог, а
не можам да го направам тоа ако јадам само спанаќ и пилешко. Мислам дека со свесна исхрана можам да ги добијам сите придобивки, одржувајќи здрава и стабилна исхрана“, во една прилика објасни таа.