Американскиот државен секретар Антони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров накратко се сретнаа на самитот на Групата 20, што е нивна прва средба по неколку месеци.
Американските власти соопштија дека Блинкен и Лавров разговарале десеттина минути на маргините на самитот на Г-20 во Њу Делхи.
Кратката средба се одржа во време кога односите меѓу Вашингтон и Москва драстично се влошени, додека руската инвазија на Украина продолжува.
Висок американски функционер рече дека Блинкен ја искористил дискусијата за да му пренесе трии работи на Лавров: дека САД ќе ја поддржат Украина се додека е потребно за да се стави крај на војната, дека Русија треба да ја повлече својата одлука да го прекине учеството во нуклеарниот договор Новиот СТАРТ и дека Москва го ослободува затворениот Американец Пол Вилан.