Дваесет и осумгодишно лице од скопско Трубарево било лишено од слобода во петокот ноќта поради сомнение дека украло повеќе делови за работна машина – комбајн, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
– На 24 јануари во 22:15 часот во село Миладиновци, скопско, полициски службеници од СВР – Скопје го лишиле од слобода А.Б.. Тој се сомничи дека истиот ден во периодот од 20 до 21 часот, со употреба на сила, влегол во дворно место на Љ.П., 63-годишно лице од селото Дељадровци, скопско, по што одзел повеќе делови за работна машина – комбајн, појаснуваат од Министерството.
Пронајдените одземени делови кај него, биле вратени на сопственикот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, како што потенцираат од МВР, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.