Рестрикциите на електрична енергија не се опција за ЕСМ и за Владата, рече генералниот директор на Електрани на Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, во гостување во емисијата „360 степени“ на телевизија „Алсат“, зборувајќи за енергетската криза. Тој додаде дека компанијата интензивно се подготвува за зголемување на домашното производство со кое би ги обезбедиле потребните количества за домаќинствата и малите потрошувачи.
– Ние минатата грејна сезона успешно се справивме со енергетската криза, иако дел од т.н. експерти за енергетика и дел од политичките партии предвидуваа црни сценарија. Сега, исто така, се подготвуваме. Дополнителен мотив и за нас во ЕСМ и за другите енергетски компании, но пред сѐ за Владата, е прво да се обезбедат ресурси доволни за производство на електрична енергија, а второ да имаме доволно количество на електрична енергија без рестрикции, но и да се внимава на цената – изјави Ковачевски, додавајќи дека имаме регулирана цена до крајот на годинава, а во декември треба да се определи цената за наредните шест месеци.
Но, Ковачевски најави дека сигурно ќе има поскапување на струјата.
Со оглед на тоа што имаме зголемени трошоци на производство и зголемени цени на енергенси, имаме дополнителни количини на електрична енергија што треба да ги произведеме, дел можеби треба да се набават, моја претпоставка е дека очекувано е да има зголемување на цената на електрична енергија, но сега ги правиме сите напори за тоа да биде мало, минимално или благо покачување – рече директорот на Електрани во гостувањето во „360 степени“
Цената на струјата ќе биде зголемена од Нова година, но во моментот се прават сите напори за евентуалното покачување да биде благо, рече генералниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.