Во последните 24 часа, во Велика Британија се потврдени рекордни 18.270 новоинфицирани со коронавирус, што е најголем дневен број на нови случаи од 5 февруари.

Advertisements

Бројот на нови случаи во Велика Британија веќе еден месец е во пораст, иако се чини дека националната програма за имунизација го намали бројот на смртни случаи кај заразените со коронавирус, така што дневниот број не надминува 20 во просек.

Според официјалните податоци, 83,7 проценти од возрасните Британци ја примиле првата доза на вакцината, и 61,2 проценти и двете.

Прикажи повеќе