Компаниите кои работат со домашни добавувачи од државата ќе добиваат десет пати поголема финансиска помош за инвестиции согласно новите измени во Законот за финансиска поддршка. Повеќе пари ќе добиваат и инвеститорите кои ќе решат да инвестираат надвор од Скопје или во помалку развиените региони. Иако низ годините анализите покажуваат дека помошта која државата ја дели за инвестиции не ги дава посакуваните ефекти, министерот за економија Крешник Бектеши вели дека тоа е така зошто резултатите ќе се гледале по изминати пет години од направената инвестиција. Бектеши уверува дека со измените условите за добивање на помошта се олеснети, а и проширени се видовите на финансиска поддршка која ќе се дели.

Advertisements

Прикажи повеќе