Мишел Мутреди во петокот беше обвинета за провала, демнење и малтретирање и ѝ беше забранет контакт со актерот и тројца членови на неговото семејство кои живеат во неговиот дом на Стејтен Ајланд.

24-годишната Мутреди во четвртокот успеала да се искраде низ отворената странична врата до куќата на Дејвидсон и седнала на масата во кујната.

Комичарот Пит Дејвидсон не бил дома кога обожавателката упаднала во неговиот дом, но дома бил еден од членовите на семејството кој во шок од непоканетата гостинка, веднаш повикал полиција, пренесува „ТМЗ“.

youtube
Принтскрин / Youtube

Сè се случило кратко откако Мутреди на социјалните мрежи почна да шири лажни информации дека се омажила за Дејвидсон и дека заедно основале продукциска куќа. Тогаш, адвокатите на Дејвидсон веднаш ја демантираа ова лага.

Ниту еден збор не е точен. Нашиот клиент нема идеја која е таа личност. Истражуваме и ги разгледуваме сите правни можности“, напишаа адвокатите во соопштението до јавноста.

Мутреди тврдеше дека со Дејвидсон биле пријатели од детството и дека се венчале и ја основале продукциската куќа „Bodega Cats Presents“.

Таа исто така пушти и лажна веб-страница за компанијата на Интернет, која оттогаш е избришана. Таму, девојката напиша дека дипломирала политички науки на Универзитетот во Рочестер во 2017 година и дека основала компанија со Дејвидсон со цел „да се зголеми разновидноста на понудите во забавната индустрија“.