Високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди предупреди дека со навлегувањето на руските сили во источна Украина Европејците треба да се подготват за нов бран раселени луѓе кои бегаат од борбите во таа земја. „Секое засилување на војната ризикува да предизвика нови раселувања… и ние треба да се подготвиме за тоа“, рече тој во Киев. Гранди додаде дека и порачале на украинската влада и на владите на соседните земји да бидат подготвени на секоја можност. Украинските власти оваа недела предупредија дека руските сили ја интензивираат офанзивата околу градот Бахмут во индустриската област Доњецк.