Комеморација по повод 80 годишнината од Холокаустот на македонските Евреи

Комеморација по повод 80 годишнината од Холокаустот на македонските Евреи – Алсат ТВ

Одбележувањето на комеморацијата по повод 80 годишнината од Холокаустот на македонските Евреи денеска започна со „Поворката на живите“ од локацијата на поранешната железничка станица во Скопје до некогашниот Монопол кој во 1943 година беше собирен центар за депортација на евреите во логорот на смртта во Треблинка.

Дел од поворката беа пратеници од Израел, претставници на еврејски здруженија од земјава и светот, претставници на парламентарни политички партии, претставници на дипломатски кор и 200 гости од Израел, од кои дел се обратија на комеморацијата.

Прикажи повеќе

Back to top button