Ако се прашувате колку би можеле да ослабете доколку почнете да го избегнувате лебот, одговорот е дека тоа зависи од тоа колку леб јадете.
Ако елиминирањето на леб подразбира само избегнување тост за појадок, немојте да очекувате драстични промени во тежината. Но, ако избегнувањето на леб води кон значајна редукција на калориите во секојдневната исхрана, тогаш ќе изгубите повеќе килограми.
Калории во лебот
Иако лебот не е многу богат со калории, доколку го јадете со секој оброк, тогаш значително ќе го зголемите внесот на калории.
За да знаете колку можете да ослабете со избегнување на лебот, мора од прилика да знаете колку калории дневно внесувате со конзумирање на леб.
Белиот леб содржи 266 калории на 100 грама или 80 калории по парче од 30 грама, додека интегралниот леб содржи 247 калории, а парче леб од 30 грама содржи 74 калории.
Умерено губење на калориите
Доколку го намалите внесувањето на калории за 100 до 500 калории дневно, а покрај тоа сте и физички активни 30 до 60 минути, тоа е добар начин за да го изгубите вишокот на килограм“, порачуваат нутриционистите др. Алан Тиченал и Џоани Добс од Универзитетот на Хаваи.
Доколку вообичаено јадете парче леб за појадок, англиски мафини за ужина, сомун за ручек и уште едно арче леб за вечера, имајте на ум дека само со конзумирањето на леб од прилика внесувате 454 калории дневно, односно 3.178 неделно.
Ако сакате да ослабете половина килограм неделно, потребен ви е дефицит на калориите од околу 3.500 калории, па ако моменталниот внес на калории е доволен за да ја одржувате тежината, редукцијата на 3.178 калории неделно може да ви помогне да изгубите половина килограм речиси секоја недела.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.