Истражувањето спроведено од Wren Kitchens ги покажаа неверојатните резултати и придобивките од домашната работа. Имено, резултатите од оваа интересна студија откриваат дека секој месец согоруваме повеќе од 50.000 калории само извршувајќи ги домашните работи, а една од најдобрите е перењето алишта.

Иако може да биде многу долг и напорен процес, откако ќе ја наполните машината за перење, ќе ја испразните и ќе ја оставите испраната облека, вашето тело ќе го сфати перењето алишта како многу квалитетна физичка активност. Како што покажува гореспоменатото истражување, можете да согорите повеќе од 700 калории неделно само со перење алишта и фрлање на испраната облека.

Според порталот Livestrong, ова е исто како да сте правеле 45 минути интензивно возење велосипед, нешто помалку од еден час брзо пливање или еден час кружен тренинг.