Физичка пресметка со клоци и боксови изби помеѓу две групи во албанскиот туристички град Саранда.
Се уште не е позната причината за инцидентот, но се сомнева дека конфликтот настанал поради површината на плажата, објави албанската национална телевизија „Топ Ченл“.
Наводно, учесниците во инцидентот поседувале и оружје, но за среча истото не е употребено.
Инаку, ноќеска нешто после полноќ во туристичкото место Велепоја се случи друг вооружен инцидент каде што убиени биле 4 лица, а две биле ранети.