Целиот свет со нетрпение го очекуваше итервјуто кое славната американска водителка Опра Винфри го сними со Меган Маркл и Хари. Но, тоа што можеби е поинтересна тема, е тоа колку всушност денес, Опра Винфри е побогата после направеното интервју и колку уште ќе се збогати на негова сметка.
Кралицата на американското шоу, долго очекуваното интервју на „CBS“ го продала за 7 до 9 милиони долари, се вели во информациите на „The Wall Street Journal“.
Но таа ги задржа меѓународните права за интервјуто, а многу ТВ куќи ширум светот ќе го емитуваат интервјуто по „CBS“, што значи дека буџетот на Опра во наредните години дополнително ќе расте.
Да се потсетиме, британските медиуми пишуваат дека телевизиската мрежа во Велика Британија, „ITV“ би можела да се откаже од прикажувањето на интервјуто со Опра, за кое на американскиот „CBS“ му плати повеќе милиони фунти, бидејќи се најдоа на „удар“ од Британците, кои мислат дека потегот на Хари и Меган не е на место.