Колективна изложба „Културна дипломатија – Балкански дијалог“ од Република Северна Македонија гостува во Софија по повод 21 мај – Светскиот ден на културната разноликост за дијалог и развој на УНЕСКО. Изложбата ќе биде отворена на 17 мај во 18 часот во галеријата „Мисијата“ во Софија (ул. Алфред Нобел 2), јавува БТА, пренесува Трибуна.
Групната изложба беше претставена во Националната галерија на РСМ во Скопје во декември 2021 година, каде што предизвика вистински интерес кај гостите и дипломатите, познавачи на современата уметност.
Изложбата има идеја да стане крстопат во развојот на сликарството меѓу двете соседни земји. Дела на самата изложба ќе претстават седум бугарски уметници: Светлин Русев, Станислав Памукчиев, Ивајло Мирчев, Љубен Генов, Димитар Чолаков, Милко Божков и Роман Кисов и седум македонски уметници: Владимир Георгиевски, Павле Кузманоски, Димитар Малиданов, Жанета Гелевска- Велјановска, Петар Попчев, Никола Иванов – Балтон и Решат Амети. Оваа „средба“ на живописот на 14-те бугарски и македонски современи уметници е всушност импровизирана средба меѓу луѓето, преку која се гради пријателство и дијалог.
Изложбата може да се погледне до 10 јуни во галеријата „Мисијата“ во Софија.