Најновите податоци на Државниот завод за статистика говорат дека дури 107.022 денари бруто, односно 70.194,00 денари била просечната плата во месец март во дејноста комјутерско програмирање, консултански и сродни дејности.
Тоа значи дека програмерите во државава се убедливо највисоко на листата најплатени работници во земјава.

Во просек, со солидни 48.734 денари се вработените во областа телекомуникации, додека пак во дејноста производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати земаат просечна плата од 46.501 денари плата.
Според податоците, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2021 година, во однос на март 2020 година, пораснала за 6,8 проценти.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (18.3 %), Информации и комуникации (12.2 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (12.0 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (15.5 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (5.2 %) и Градежништво (3.7 %).