Ко-писателот на култната серија „The Simpsons“, Марк Вилмор, почина на 57 години, откако ја изгуби битката со коронавирусот.

Веста за неговата смрт ја потврди неговиот брат и колега Лари Вилмор на социјалните мрежи.

Мојот сакан брат, Марк Едвард Вилмор, почна синоќа борејќи се со ковид и други здравствени проблеми од кои боледуваше со години… Мојот брат беше најљубезниот, најнежниот, најсмешниот ангел борец што некогаш сум го познавал. Те сакам братче“, напиша тој.

Instagram
Instagram

Марк се приклучи на писателската екипа на „The Simpsons“ во 13 сезона на шоуто и ја доби својата прва заслуга за сегментот „Send in the Clones“ во „Threehouse of Horror XIII“. Тој беше добитник на „Emmy“ за извонредна анимирана програма како продуцент за епизодата „Eternal Moonshine of the Simpson Mind“ во 2008 година.

Instagram
Instagram

Покрај тоа што беше ко-писател на „The Simpsons“, Марк исто така работеше и на „In Living Colour“, „The PJs“ и „F Is For Family“.

По повод неговата ненадејна смрт, од познатиот писател се збогуваа неговите пријатели и соработници.

Уште еден ѕиновски талент замина прерано. Имав привилегија да работам заендо со Марк Вилмор на 3 проекти („PJs“, „Simpsons“, „FIFF“) во подобриот дел од последните 23 години. Тој беше НАЈсмешната личност каде и да се појавеше. И беше прекрасен човек. Тој е незаменлив. Почивај во мир, пријателе“, напиша ко-писателот на „The Simpsons“, Мајкл Прајс.

Instagram
Instagram

Уништен сум од загубата на Марк Вилмор. Марк ми беше омилен – се потпирав на секој негов збор. Тој беше емпатичен, а да не го спомнувам неговиот хумор. Топол, оригинален, уникатно смешен – тоа беше Марк. Го обожавам. Навистина беше радост да се биде негов пријател“, напиша продуцентот на „F Is For Family“, Хенри Гамил.