Миланко Шеклер, српскиот виролог и микробиолог од Ветеринарниот институт во Краљево, вели дека кинеската вакцина против коронавирус побавно создава имунитет, но дека според научниците од Кембриџ и Оксфорд, таа вакцина е најотпорна на мутации на вирусот.
Шеклер рече дека вакцините на кинескиот производител Синофарм ги тестирале американски лаборатории и потсети на изјавата на еден од американските вирусолози од Универзитетот во Мериленд од минатата недела дека сите источни вакцини се безбедни и ефикасни и дека тоа се однесува на кинеските, индиските и рускиот Спутник V.
„Тоа е класична вакцина, експертите од Кембриџ и Оксфорд велат дека кинеската вакцина е најотпорна на мутации, бидејќи ја содржи целата честичка на вирусот, изјави Шеклер за телевизијата К1.
Коментирајќи ја изјавата на раководителот на кинескиот Центар за контрола и превенција на болести, Гао Фу, дека поради ниската ефикасност на кинеските вакцини, се разгледува комбинацијата на вакцини против Ковид-19, Шеклер рече дека кинеската вакцина на „Синофарм“ побавно развива имунитет отколку западните „инстант“ вакцини кои се засноваат на еден антиген.
Тој додаде дека ефикасноста на вакцината на „Синофарм“ е до 86 проценти, околу 50 проценти за „Синовак“ и до 62 проценти за вакцината против сезонски грип.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.