Делта сојот, позаразна варијанта на коронавирусот, веќе се прошири во околу 90 земји во светот.
Овој сој е откриен во Индија кон крајот на март и стои зад разорниот пандемски бран што ја погоди таа земја во текот на пролетта. Во меѓувреме, тој отиде на пат околу светот, и каде и да отиде – создаде хаос. Во Велика Британија се прошири толку брзо што ја смени епидемиолошката состојба во земјата пред неколку месеци и практично стана единствениот вид во оптек, додека Израел, шампион за имунизација, ја обнови обврската за носење маски откако бројките почнаа да скокаат.
Симптоми на ковид предизвикани од делта сојот
Помладите обично го дефинираат како „посилна настинка“ или невообичаено чувство на губење енергија и малаксаност. Најчестите симптоми на делта сојот се главоболка, болки во грлото, течење на носот, а треска и температура се присутни како и досега.
За разлика од короната каква што ја знаеме досега, тука губењето на чувството за мирис и вкус се многу поретки симптоми.
Се повеќе земји го одложуваат укинувањето на мерките или воведуваат нови во страв од делта, а светските лидери и Светската здравствена организација предупредуваат дека оваа варијанта наскоро ќе стане доминантна во светот.
Официјално познат како Б.1.617, првпат беше откриен во Индија во март. Овој вид сега повторно се карактеризира во три различни подтипа и сите имаат малку различни генетски мутации. Варијантата Б1617.2 е најчестата верзија во сетот и се чини, најзаразната.
СЗО во март го класифицираше делтата видот како „варијанта од интерес“, откако беа потврдени стравувањата дека тој е одговорен за катастрофалниот бран во Индија со скоро половина милион заразени луѓе на ден.
Иако експертите првично беа воздржани, со текот на времето постоеја сè повеќе докази дека делта сојот е многу пати позаразен дури и од британскиот, кој стана доминантен во повеќето земји оваа зима. Проценките се разликуваат, а некои британски експерти тврдат дека е дури за 60 проценти позаразн од британскиот.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.