Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, имал желба да го донесе на „Енфилд“, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, пишуваат турските медиуми.

Advertisements

Елмас нема стабилна минутажа оваа сезона во Наполи, кој го игра можеби најдобриот фудбал во Европа и каде има голема конкуренција. На 20 настапи запиша 670 минути, но одлично ги искористи шансите кога ќе се најде на теренот. Во финишот на првиот дел од сезоната, одлично играше кога во тимот не беше Квича Кварацкелија.

Како лево крило на три натпревари против Аталанта, Емполи и Удинезе постигна два гола и забележа една асистенција. Јирген Клоп имаше можност да го гледа против својот тим во Лигата на шампионите и наводно во телефонски разговор му објаснил на Елмас во каква улога го гледа на „Енфилд“. Елмас има договор со Наполи до јуни 2025 година. Според „Трансфермаркт“ неговата вредност е 23 милиони евра.

Прикажи повеќе