Во рамките на постепеното олабавување на мерките, на Кипар од утре се укинува полицискиот час, дозволено е одржување прослави, свадби, крштенки и сл, а се отвораат и ноќните клубови, јави дописничката на МИА од Атина.
За одржување на прослави и свадби, постојат ограничувања на бројот на гости во зависност од тоа дали е на отворено или затворено, а ноќните клубови ќе работат само со гости кои ќе седат на маса и за внатрешните простори задолжителен е „SafePass“, односно потврда за вакцинација, негативен резултат од тест или прележан Ковид-19.
Од почетокот на пандемијата, Кипар има регистрирано 72.919 случаи на Ковид-19, а починаа 365 лица.
Заклучно со вчера, 56,5 проценти од граѓаните примиле една доза од вакцината, а 37,1 отсто од населението е целосно вакцинирано.