Кина вчера регистрира 17 909 случаи со ковид-19, а од нив 1 661 со и 16 248 без симптоми, јавија дел од британските медиуми повикувајќи се на кинеската државна здравствена комисија.

Advertisements

Еден ден претходно беа евидентирани 16 203 нови заразени лица, од кои 1 794 со и 14 409 без симптоми. Со исклучок на заразата внесена однадвор, Кина забележа 17 772 локални случаи, а од нив 1 621 со и 16 151 без симптоми.

Нема регистрирано нови смртни случаи, па така бројот на починати лица со ковид-19 останува 5 226, како и претходниот ден. Кина до вчера потврди 275 420 случаи на инфекции со симптоми.

Кинескиот главен град Пекинг соопшти за 303 со и 159 случаи без симптоми за изминатото деноноќие.

Јужниот град Гуангжу, каде што живеат околу 19 милиони луѓе, потврди 147 заразени локални лица кои имале симптоми и 4 977 случаи без никаков симптом.

Чонгкинг соопшти за 157 локални случаи на коронавирус со и 2 794 без симптоми.

Прикажи повеќе