Реал Мадрид започна на крајот од преодниот рок за Килијан Мбапе.

Шпанскиот гигант испрати понуда од 160 милиони евра до ПСЖ. Таа беше одбиена, но се очекува нова и подобра понуда што може да го одведе Мбапе во Мадрид.

Фудбалерот очајно сака да го напушти ПСЖ и да замине во Реал, а угледниот шпански новинар Марио Кортегана тврди дека утре се би можело да се реши.

„Многу е веројатно дека ситуацијата околу Мбапе ќе се реши утре и тој би можел да стане нов играч на Реал Мадрид“, изјави Кортегана.

Истата информација ја донесе Марка и очигледно големиот трансфер е многу блиску до реализација.

Така лесно може да се случи Мбапе утре да стане нов член на Реал Мадрид и тоа сигурно би бил еден од најголемите трансфери досега.

Вистинското лудило се случува во последните денови од преодниот рок, и веројатно никој не очекуваше таков исход.

Мбапе е во дресот на ПСЖ веќе четири години. Одигра 174 натпревари и постигна 133 гола.