Катар со сите средства се обидува да го забрани алкохолот, иако договорот беше тој да биде дозволен во специјалните навивачки зони. Еден од главните спонзори на ФИФА е американскиот „Бадвајзер“ и секако би го раскинале договорот, би ја тужеле ФИФА и би барале огромна отштета, па Инфантино се наоѓа во непријатна ситуација.
Секако, ова е обид на владата во Доха, поточно на кралското семејство, во последен момент да ги промени правилата на игра. Веќе добиле концесија, забележале дека промотивните штандови за продажба, како и рекламите се премногу изложени и паѓаат во очи, па се најде решение, наредбата дојде од Јасим бин Хамад, братот на владетелот на Катар.
Да беше по желба на семејството Ал Тани во Катар, никаде не би можеле да пиете алкохол, освен во ВИП собите кои чинат повеќе од 22.000 долари по натпревар.
Алкохолот во фан зоните ќе се продава само попладне и навечер по астрономски цени, околу 13 евра за шише. Има и посебни зони каде навивачите ќе бидат присебни, но нема да можат да влезат на стадионот. Исто така, Катар предупреди дека нема да биде дозволена каква било манифестација на ЛБГТ ориентација./Makfudbal/