Најдобриот тенисер на АТП-листата, Карло Алкараз нема да настапи на првиот гренслем-турнир во сезоната кој се игра во Австралија. Шпанецот објави дека поради повреда на ногата нема да учествува на Австралијан опен.
„Баш кога бев во врвна форма, случајно се повредив на тренинг поради лошо движење. Станува збор за мускул на десната нога. Не сум подготвен за Австралијан опен“, кажа Алкараз.
Алкараз минатата година беше елиминиран во третото коло во Мелбурн, додека на Ју-Ес опен стигна до првата гренслем-титула./Sport1/