Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми официјално потпиша договор со кинескиот клуб Пекинг Гуан кој ќе стапи на сила на 20 март.
Динамо Загреб ќе добие еден милион евра обештетување, а Адеми во следните три сезони ќе заработува најмногу што според важечките кинески правила може да добие еден играч во кинеската лига – 1.650.000 евра по сезона.
Адеми треба да го одигра прошталниот меч за Динамо на 19 март, кога во Загреб ќе гостува Ријека. Еден ден подоцна Адеми ќе биде играч на Пекинг Гуан. Капитенот на Динамо го напушта „Максимир“ по 11 години.