Калциумот не е само еден од најзастапените минерали во нашиот организам, туки и еден од најважните. И покрај тоа што калциумот го имаме во изобилство во нашето тело, има некои храни, кои содржат големи количини од него.
Храна богата со калциум
Млекото е можеби најпознатиот извор на калциум, меѓутоа и повеќето млечни производи, како сирење, јогурт, кисло млеко, урда и сите останати, се подеднакво добар извор на овој есенциален минерал.
Калциумот исто така го има во јајцата и зелениот зеленчук, грав, компири, соја и риба.
Калциумот контролира неколку основни телесни функции меѓу кои засирување на крвта, мускулната контракција, метаболизмот и други.
Иако не е доволно познато, калциумот игра важна улога за здравјето и функцијата на очите. Јадењето на храна богата со калциум, помага ретината да ја трансформира светлината.
Калциумот влијае директно на здравјето на коските. Храната богата со калциум го зголемува нивото на овој минерал во организмот со што ни гарантира силен коскен систем.
Особено е важен калциумот по време на бременост. Природата се грижи за здравјето на бебето на тој начин што го снабдува со калциум од телото на мајката, дури и од коските ако е неопходно. Затоа за здравјето на детето и мајката, по време на бременост таа треба да го зголеми внесот на храната богата со калциум.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.