Ако сакате да заштедите пари, треба да избегнувате кофеин пред вашето следно шопинг патување бидејќи тоа може да влијае еден на друг.
Барем така покажа новото истражување, во кое е заклучено дека пиењето кафе пред да одите во шопинг може да поттикне повеќе импулсивно трошење.
Истражувањето е објавено во „Journal of Marketing“, а исто така покажало дека може да влијае и на типот на потрошувачка, бидејќи истражувачите откриле дека луѓето кои сакаат да пијат кафе, „фрлаат“ повеќе пари на хедонистички работи како луксузни одмори или , на пример, скапи свеќи, пишува Метро, пренесува Вечерњи.хр.
Истражувачите ги разгледале навиките за консумирање на луѓето на кои им биле давани пијалоци пред да влезат во трговскиот центар што вклучувало кофеин, пијалоци без кофеин и вода.
Резултатите покажале дека групата која конзумирала кофеин потрошила значително повеќе пари и купила поголем број предмети од оние кои пиеле пијалоци без кофеин или вода.
Утврдено е и дека оние кои не пиеле кафе ги трошеле парите на поразумни работи како пенкала, хартија или кујнски прибор.
Клучното нешто беше тоа што истражувачите забележаа дека кафето ги прави купувачите поенергични и дека возбудата ги прави поединците посвесни за задоволствата што можат да ги добијат од одредени производи.
„Кофеинот, како моќен стимуланс, ослободува допамин во мозокот, кој ги возбудува умот и телото. Ова води до повисока енергетска состојба, што пак ја зголемува импулсивноста и ја намалува самоконтролата. Како резултат на тоа, внесот на кофеин води до импулсивно купување во смисла на повеќе купени производи и поголема потрошувачка“, објасни еден од истражувачите.