Ако се исполнат очекувањата, поточно пишувањата на шпанските медиуми, следната сезона Зинедин Зидан ќе има страшен состав.

Познати се желбите на французинот, кои Перез се очекува да ги исполни. Нови засилувања ќе бидат Давид Алаба (28 години, одбрана, Баерн Минхен) и Едуардо Камавинга (18 години, среден ред, Рен). Како главни мети за нападот се Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

Од актуелниот тим на „кралевите“ ќе има заминувања. Се чека финалниот одговор на капитенот Серхио Рамос, а желба е да се продолжи договорот со него. Лукас Васкез си заминува сигурно, на листата се и Герет Бејл и Иско, а неизвесна е и иднината на Марсело откако Алаба ќе дојде, затоа што ќе биде фрлен во втор план.

Во сериозните планови на Зидан не се наоѓаат ниту  Бејл, Иско, Марселона, Луказ Васкез, Мариано Диаз, Лука Јовиќ и Алваро Одриозола. Клубот ќе се обиде да се реши од нив, дали преку позајмица, или преку перманентен трансфер.

Кога се говори за останувањата, Еден Азар ќе добие втора шанса и покрај повредите, останува и Марко Асенсио, како и младите Винициус, Родриго, Едегард и Валверде. Сигурни се и Куртоа, Каземиро, Крос и Бензема.