Нејзината мачна борба со канцерот на дојка трае веќе неколу години, но актерката не се предава…

Шенон Доерти, која е најпозната по улогата на Бренда од серијата „Беверли Хилс“ го прослави јубилејниот 50-ти роденден. Кога ќе се земе во предвид тоа колку изминатите години и беа тешки и мачни на популарната актерка, мора да се признае дека нејзината борба е навистина – лавовска, и дека таа никогаш не се откажа.

Фото: Профимедиа

Актерката Шенон Доерти која македонската публика ја обожава поради серијата „Беверли Хилс“, неодамна призна дека ракот на дојка кој и беше дијагностициран уште во 2015 година, повторно се вратил.

„Прашање на време е кога ќе излезе во јавноста, па токму затоа ќе ви кажам: ракот на дојка се врати и е во четврти стадиум. Поради тоа денес сум тука“, изјави Шенон за странските медиуми и додаде:

Фото: Инстаграм

„Многу ми е тешко, има денови кога се прашувам: „Зошто јас?“, а ги има и оние кога едноставно ја прифаќам болеста. Најголемата грижа ми беше како тоа повторно да им го кажам на мајка ми и сопругот“.

Фото: Инстаграм

Шенон пред извесно време изјави дека никогаш нема да се откаже од борбата против оваа подмолна болест, како и дека ги истражува алтернативните методи на лекување, кои би можеле да придонесат за нејзино оздравување.