Жените можат да се чувствуваат збунето, осамено, несфатено и преплашено, а токму тие чувства дополнително го поттикнуваат работењето на хормоните. Од негативни емоции не се поштедени ниту нивните партнери.

Дури и кога бременоста е планирана, тоа е мошне интензивен период по кој повеќе ништо нема да биде исто.

Доколку сте во врска и се сакате, но никако не можете да се одлучите за судбоносното „да“, бременоста и доаѓањето на бебето можат да ве поттикнат на тој голем чекор. Работите во односот се менуваат и вие почнувате да се чувствувате како семејство.

Хормони

Стресот, кој го носи непланираната бременост може да го зајакне дејствувањето на хормоните. Честопати тој стрес доведува до кавга меѓу партнерите. Жените можат да се чувствуваат збунето, осамено, несфатено и преплашено. Сите тие чувства дополнително го поттикнуваат работењето на хормоните. Меѓутоа и нивните партнери можат така да се чувствуваат.

Првата година од бракот е уште поголем предизвик

Доколку се одлучите да се венчате поради бременоста, можете да откриете дека таа блажена состојба носи и некои не толку светли работи за младенците. Партнерите цело време учат еден од друг, а кога ќе дојде детето, односот станува уште поголем предизвик. Иако некогаш ќе ви изгледа дека во бракот не цветаат рози, со растот на детето, грижата за него доведува до тоа партнерите меѓусебно подобро да се запознаат, а врската меѓу нив станува сѐ посилна.

Заедно созревате

Особено доколку двајцата сте мошне млади, заедно растете и созревате споделувајќи одговорност и грижа за детето.

Партнерска благодарност

Бременоста и детето ќе направат да се чувствувате како семејство повеќе од кој било. Можете и да се запрашате дали воопшто би останале заедно, доколку непланираната бременост засекогаш не ве споела?

Правилна причина за влегување во брак

Сигурно и вие и вашиот партнет ќе се прашате дали во бракот сте влегле само поради детето? Бракот е тежок и со деца и без нив, а последното нешто што треба да ве загрижува е дали сте венчани поради вистинската причина.