Кога станува збор за пост-апокалиптични филмови, особено оние во кои фокусот е на големи инфекции, пандемии и болести кои можеби низ годините не го добиле вниманието што го заслужуваат, оваа година се реактуелизираа и несомнено стекнаа пораст на популарноста.

Уште кога се рашири информацијата за вирусот во Вухан, теоретичарите на заговор, како и голем број испаничени и вознемирени луѓе, почнаа да бараат некаква утеха во ваквиот тип на филмови.

Еден од најблиските филмови со ваква тематика кој особено се истакнува е филмот „Contagion“ или „Зараза“.

Ова е филм кој има навистина неверојатни совпаѓања со пандемијата на коронавирусот што светот  ја живее годинава. Почнувајќи од тоа како и од каде потекнува вирусот, кое животно го пренесува па сè до ширење на заразата, која во филмот сепак е посмртоносна.

Instagram

Филмот „Contagion“ чија премиера се одржа на филмскиот фестивал во Венеција во 2011 година, ја раскажува приказната на здравствени работници и владини претставници, но и на обичните луѓе во борбата против пандемијата.

Двата вируси и во филмот и оној вистинскиот што се го зафати речиси целиот свет потекнуваат од Кина. Единствената разлика е во тоа што вирусот во филмот потекнува од Хонг Конг, а коронавирусот наводно од Вухан. И во филмот е вклучена приказната поврзана со лилјак, иако во филмот се споменува и свиња како можен преносител, што некои научници не ја исклучија и таа можност кога станува збор и за коронавирусот.

И во филмот и во нашата реалност вирусот предизвикува симптоми слични на грип, периодот на инкубација е сличен, има смртоносни последици, единствено нешто што е различно е тоа што во филмот е далеку посмртоносен.

Вирусот во филмот се нарекува „MEC-1“ и се пренесува преку допир, а секој кој го гледал филмот повеќе нема да гледа на коронавирусот со исти очи како порано. Она што е особено точно е тоа што ништо не се шири побрзо од стравот.

Сценаристот Скот Барнс не е изненаден повторната реактуелизација на филмот, но и од сличностите на заплетот наспроти реалниот живот.

Тој во едно неодамнешно интервју објасни дека додека го пишувал сценариото разговарал со здравствени експерти кои кажале дека не е дискутабилно дали навистина ќе се случи ваков вирус, туку кога. Барнс редовно комуницирал со лекарите Иан Липкин и Лери Брилијант, тогашните стручни консултанти за сценариото со кои во меѓувреме станал пријател.

Филмот, вели тој, е направен за да предупреди како да се однесуваме ако се појави таква ситуација.

Ако сте сериозно болни, можете да бидете во самоизолација. Всушност, тоа е само поубав термин за: – Остани дома за да не ги заразиш пријателите и семејството“, вели сценаристот.

Instagram
Instagram

Иако има уште многу други филмови кои зборуваат за пост-апокалиптично сценарио предизвикано од пандемии на вируси, сепак филмот „Contagion“ се одвојува затоа што иако станува збор за фикција, сепак можеби најдобро ја отсликува моменталната состојба во светот.

Вирусот што се заканува да го „исчисти“ човештвото го покажува најлошото можно сценарио во кое паниката и гласините доведуваат до тотален колапс на системот – не е ли тоа истото што го живееме и денес?

Instagram
Instagram

Во филмот играат актерката Гвинет Палтроу, Мет Дејмон, Кејт Винслет, Џуд Ло, Брајан Кренстон и други.

Доколку не сте го гледале овој филм, дефинитивно треба да го гледате или да го погледнете повторно и самите да направите компарација.