Кајли Џенер во саботата се соочи со активисти за заштита на животните кои ја нападнаа демонстранти нарекувајќи ја чудовиште.

Додека го напуштала „Moncler“ во Беверли Хилс, активисти за заштита на животните со мегафони во рацете се пуштиле по неа и кон нејзиниот автомобил и викале „Треба да се срамиш“, „Ти си чудовиште“ и „Ги оголуваат животните додека се живи“.

Instagram
Instagram

Групата го блокирала нејзиниот „Rolls-Royce“ додека возачот се обидувал да пробие преку нив. Еден од телохранителите на Кајли се обидел да отстрани еден од демонстрантите во близина на автомобилот.

Како што се гледа на видеото објавено од „TMZ“, една жена извика „Засрами се! Ти си чудовиште! Треба да ти е срам што ја поддржуваш индустрија за крзно!“. Но, Кајли не одговори ништо.

Кајли и порано беше критикувана затоа што носи крзно, особено минатата година кога таа и нејзината пријателка Стејси беа облечени во „Foxy Leather Coat“ од „Saks Potts“, капут украсен со крзно од лисица.

Instagram
Instagram

Џенер и во јануари предизвика контроверзии откако на социјалните мрежи сподели фотографија на која носи папучи од Луј Витон направени направени од крзно од животното визон, веднаш откако ја сподели веста за смртта на животните во Австралија. А потоа Џенер донираше милион американски долари за да помогне во гаснењето на пожарот.

Instagram
Instagram

Многу од овие животни се измачувани и убивани заради крзното. Време е светот да престане со овој вид тортура, се чини разумно, нели?

Instagram
Instagram