Додека 2020 година со сигурност беше една од најпредизвикувачките години досега, Кајли Џенер и Канје Вест најдоа начин да профитираат повеќе од која било друга позната личност, пренесува „Daily Mail“.

Џенер (23) и Вест (43) кој е во брак со нејзината полусестра Ким Кардашијан, се најдоа на врвот на годишната листа на „Forbes“ за најбогати познати личности за 2020 година.

Instagram

Џенер лесно се најде на првото место на листата со вртоглави 590 милиони американски долари заработени само оваа година, додека Вест „застана“ на второ место со заработени 170 милиони.

Најголемиот дел од заработката на Џенер за оваа година била продажбата на 51% од нејзината компанија „Kylie Cosmetics“ на компанијата „Coty“.

Таа заработи 600 милиони американски долари од продажбата, а според „Forbеs“ таа остварила 540 милиони американски долари приход.

Instagram
Instagram

„Forbes“ проценува дека во ноември нејзината нето-вредност била околу 700 милиони американски долари. Нејзината компанија во 2019 година имала приход од 200 милиони долари и 175 милиони следбеници на социјалните мрежи.

Instagram
Instagram

Додека, заработката на Вест од 170 милиони американски долари ја зголеми неговата нето вредност на 1,3 милијарди долари.

Вест склучи договор со компанијата „Adidas“ која ги изработува неговиот бренд на патики „Yeezy“ со тоа што компанијата му плаќа „годишен хонорар“ на раперот. Од брендот „Yeezy“ имал огромна продажба од 1,3 милијарди американски долари, само во 2019 година, а покрај патиките Вест има и своја линија за облека.

Instagram
Instagram

За Вест се вели дека целосно ги поседува сите свои брендови, а во јули објави дека потпишал договор со компанијата „Gap“ за продажба на својата линија облека „Yeezy“.

Instagram
Instagram

Остатокот од првите 10 на листата на „Forbes“ се состои главно од спортисти, а пет од осуммина го заработуваат своето богатство првенствено преку спортските плати:

  • Роџер Федерер – 106,3 милиони американски долари
  • Кристијано Роналдо – 105 милиони американски долари
  • Лионел Меси – 104 милиони американски долари
  • Тајлер Пери – 97 милиони американски долари
  • Нејмар – 95,5 милиони американски долари
  • Хауард Стерн  – 90 милиони американски долари
  • Леброн Џејм – 88,2 милиони американски долари
  • Двејн Џонсон – 87, 5 милиони американски долари